Почетна » Вести » Соопштение: Како е разрешена досегашната директорка на гимназијата

Соопштение: Како е разрешена досегашната директорка на гимназијата

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Gimnazija

Фаница Николоска е разрешена од директор на СОУ „Наум Наумовски Борче“ заради повреда при извршување на закони, други пописи и општи акти кои, според Решението за разрешување, се утврдени од Државен просветен инспекторат.

Според Решението за разрешување Николоска како директор на оваа образовна институција направила повреда на член 28 став 3, член 59 од Законот за средно образование и не спровела анкети – процедури за распределба на проектни активности.

Согласно член 93 став 1 алинеја 2 од Законот за средно образование директорот на образовна институција може да биде разрешен при повреда на закони, други прописи и општи акти.

По горенаведеното, Градоначалникот на Општина Крушево ја разреши Фаница Николоска и за ВД директор ја постави Снежана Миленкоска, која ќе ги врши работите до избор на нов директор, но не подолго од 6 месеци.

Претходно, Училишниот одбор на СОУ „Наум Наумовски Борче“ донесе неколку заклучоци и достави предлог за разрешување на директорот од гимназијата.

Според внатрешниот ревизорски извештај на 5-ти декември Училишниот одбор ги донесе следните заклучоци:

- недоследно почитување на Законот за јавни набавки;

- исплата на личен доход без постоечки договор;

- политичко влијание врз ученици за време на професионална пракса.

 

Share