Свикана итна седница на Совет за набавка на возило за отпад

DSC06163Претседателот на Советот на Општина Крушево Тома Петроски свикува итна седница за четврток во 9 и 30 часот со една точка – донесување на одлука за набавка на возило за собирање на отпад.

Советот на Општина Крушево се очекува да ја донесе оваа одлука која ќе овозможи со кофинансирање Општината да набави возило за собирање отпад се со цел подобрување на локалната хигиена и туристичката слика за градот.