Почетна » Вести » Национален форум на градоначалници: ефикасна и услужна општина

Национален форум на градоначалници: ефикасна и услужна општина

izgrev 3

Градоначалникот на Општина Крушево на 30-ти и 1-ви декември присуствува на националниот форум на Градоначалници, во организација на ЕУ, Влада на РМ и Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), хотел Изгрев, Струга.

Целта на овој Форум е враќање на децентрализацијата во фокусот и приближување на општинската администрација до граѓаните.

За Градоначалникот Христоски ова е одличен настан кој директно ги таргетира граѓаните.

„Во предизборието се заложивме за евтина и услужна општина, блиска до граѓаните и овој Форум го прави токму тоа – не’ подучува како да ја направиме локалната администрација ефикасна и блиска до граѓаните“, изјави Градоначалникот на Општина Крушево.

 

Share