Христоски: Училиштето во Саждево во очајна состојба, преземаме чекори за надминување на проблемите

насловна

Состојбата со подрачното училиште ОУ „Никола Карев“ во село Саждево, Општина Крушево, е во многу тешка состојба и новата локална самоуправа веднаш започна со изнаоѓање решение за подобрување на условите во училиштето.

Градоначалникот Томе Христоски вели дека фотографиите од училиштето ја покажуваат негрижата, но и несвесноста за проблемите од претходната локална власт.

„Страшно е во какви услови се принудени да учат децата од Саждево. Немаат доволен број на столчиња, клупи, помагала. Вака не можеме да ги образуваме нашите деца“, вели Христоски.

Тој порача дека се преземаат мерки за надминување на затекнатата состојба и проблемите со кои се соочува наставниот кадар и учениците.