Христоски од Норово и Саждево: Проблемите се големи, чекор по чекор ќе ги решаваме

NorovoГрадоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски денес е во посета на населените места Саждево и Норово каде што заедно со граѓаните ги детектираат клучните проблеми.

Градоначалникот Христоски вели дека фокусот ќе биде на приоритетните проблеми на граѓаните и чекор по чекор ќе се решаваат заедно со граѓаните.

„Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но полека, чекор по чекор ќе ги решаваме приоритетните работи“, вели Градоначалникот на Општина Крушево.

Христоски потенцира дека граѓаните од овие села во минатото биле заборавени, но заеднички, како што вели тој, проблемите ќе мора да се решаваат.