Почетна » Вести » Христоски: Разгледуваме можности за оспособување на градинка во с. Бучин

Христоски: Разгледуваме можности за оспособување на градинка во с. Бучин

Спомен куќа Тоше Проески

bucin 3

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на 9-ти ноември 2017 година (четврток) беше во посета на населеното место Бучин заедно со претставници од Министерството за труд и социјална политика за можностите за изградба на детска градинка.

Градоначалникот и претставниците ги разгледуваа можностите за преадаптација на просториите на Министерството за труд и социјала во градинка за децата од Бучин.

Христоски вели дека сериозно се разгледуваат можностите за изградба на детска градинка која треба да ги задоволи потребите на граѓаните од ова населено место.

„На граѓаните на село Бучин не им е лесно да се грижат за своите деца додека од утро до мрак работат на земјоделските полиња и затоа сериозно размислуваме за оспособување на една детска градинка. Градинката треба да им го олесни животот на родителите и на децата да им овозможи згрижување, образование и воспитување“, порачува Христоски.

bucin

Градоначалникот Христоски потенцира дека активно се работи и на предизборното ветување за изградба на училиште во село Јакреново, но и подобрување на образовните услови во Алданци, Норово, Пресил, Светомитрани и другите крушевски села.

„Преку образованието на нашите деца ќе ја направиме општина Крушево подобра општина“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.

Исто така, заеднички ги посетија и спортската сала и дневниот престој за стари лица и ја утврдија затекната состојба на просториите и објектот.

Сподели

Туристички Портали