Почетна » Вести » Враќање на спортот во општина Крушево

Враќање на спортот во општина Крушево

Спомен куќа Тоше Проески

DSC06108На иницијатива на пензионери и поранешни спортисти од Крушево градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа работен состанок за спортот во Крушево и како да се вратат некогашните традиционални спортови.

Градоначалникот со пензионерите и екс-спортистите разговараше за заживување на спортот во општината, како пинг понг, параглајдерство, змајарство, фудбал,одбојка, скијање и други спортови.

Присутните на работниот состанок го потенцираа враќањето на шахот и меѓународните турнири во овој спорт кои се одржувале во Крушево во втората половина на минатиот век.

Градоначалникот Христоски изрази подготвеност за исполнување на барањата и заклучоците изнесени на состанокот, како нешто што ќе претставува импулс за севкупен развој на општината.

Сподели

Туристички Портали