ООУ “Св.Кирил и Методиј” од Бучин ја одбележа Светската недела на детето

Со мотото “Детство, радост, насмевки”, ООУ “Св.Кирил и Методиј” Бучин ја одбележа Светската недела на детето.

По тој повод првачињата од Бучин, Пресил и Свето Mитрани положија свечена заклетва и беа примени во Детската организација.

Убавиот ден го надополнија со групно летање на змаеви надевајќи се дека шаренилото и разиграноста на змаевите како и насмевките на детските лица,  ќе бидат настан кој ќе им прерасне во една убава традиција на училиштето.