Одбележан патрониот празник на СОУ „Наум Наумоски-Борче“ Крушево

Со пригодна програма од страна на учениците и професорите од СОУ „Наум Наумоски-Борче“ Крушево, беше одбележан патрониот празник на средното општиснко училиште.

Во своето обраќање, директорот Фаница Николоска ги презентира тековните и идни проекти на училиштето за чија реалзиација се посветуваат и професорите и самите ученици, како и постигнатите резултати на многубројните домашни и меѓународни натпревари.

Доделени беа и награди за ликовниот и литературниот конкурс кој секоја година училиштето го објавува по повод патрониот празник, како и дипломи за остварените успеси во областа на спортот.