Почетна » Вести » НА ПОВИДОК НОВА, ЧЕТВРТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ОПАЛЕНИК“

НА ПОВИДОК НОВА, ЧЕТВРТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БЛИЗИНА НА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА „ОПАЛЕНИК“

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

На денешниот состанок на Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески и сопственикот на „Еко Шар“ ДОО – Тетово, Џеваир Османи е потпишан договор за регулирање на меѓусебните односи  при изготвувањето на локална урбанистичка планска документација за оформување на градежни парцели и утврдување на услови за изградба и реновирање на стопански капацитети во мв „Кореница“, КО Алданци, Општина Крушево.

Стопанскиот капацитет ќе биде со намена за откуп и преработка на млеко и млечни производи од асортиманот на млекарата „Еко Шар“. Се предвидува откуп на 60 тони млеко на дневна основа и негова преработка.

Нов стопански капацитет и нови работни места.

04

Share