Турнир во мал фудбал „Илинден 2017“ – финале

Со финалниот натпревар помеѓу екипите „Сан Марино“  и „Пјаца-Шери“, пред огормен број на гледачи,  заврши четвртиот по ред турнир во мал фудбал „Илинден 2017г.“ во Крушево.

Од вкупно 22 пријавени екипи, најуспешна беше екипата „Сан Марино“ кои во финалниот натпрвар ја победи екипата на „Пјаца – Шери“ со резултат 5:0.

Третото место го освои екипата „Кривогаштани“.

Градоначалникот на Општина Крушево на најуспешните екипи им додели пехари и парични награди:

за освоено I место – 20.000 ден.

за освоено IIместо – 10.000 ден. и

за освоено  III место – 5.000 ден.