Изгаснат пожарот помеѓу с.Норово и с.Алданци

Во заеднички координирана акција на Градоначалникот на Општина Крушево, локалната самоуправа, припадници на ТППЕ Крушево,  директорот и вработени во ЈП „Липа“ Крушево, вработени во ЦУК и доброволци на Општина Крушево, успешно е локализиран и изгаснат пожарот помеѓу с.Норово и с.Алданци.

Ова е веќе 5-ти по ред , најверојатно подметнат пожар во тој реон.

Се замолуваат сите надлежни институции одговорни за заштита и стопанисување со шумите да посветат поголемо внимание на превенција на пожари на тоа подрачје.