Успешно изгаснат синоќешниот пожар во Крушево

Благодарение на навремената интервенција на пожарникарите од ТППЕ Крушево, вработените на ЈП „Липа“ Крушево, вработените во ЈП „Комуна“ Крушево, Градоначалникот и вработените на локалната самоуправа Крушево, шумската полиција, Дирекцијата за заштита и спасување и несебичната помош на граѓаните на Општина Крушево, изминатата ноќ беше изгаснат голем шумски пожар на м.в. Липа.

Се замолуваат граѓаните во овој топол и сушен период да бидат посебно внимателни со цел да не се предизвикаат несакани последици по шумското богатство.