Одржан консултативен состанок по повод опожарената куќа на фамилијата Везенкоски од Крушево

По иницијатива на Градоначалникот на Општина Крушево, а по повод опожарувањето на семејната куќа на фамилијата Везенкоски од Крушево, во просториите на локалната самоуправа се одржа консултативен состанок со релевантните чинители во Општина Крушево: раководителите на подрачните служби на министерствата, директорите на јавните претпријатија и институциите од областа на образованието, културата, здравствената и противпожарна заштита,  сојузот на пензионери, младинските организации, организацијата на Црвен Крст и угостителите, со цел организирање на начинот за донирање на хуманитарна помош.

На состанокот едногласно беше прифатена иницијативата  со конкретни заклучоци и решенија произлезени од состанокот да се помогне на семејството.

Воедно Општина Крушево упатува апел до сите граѓани во рамките на своите можности да помогнат со финансиски средства потребни за возобновување на нивната семејна куќа. Граѓаните средствата може да ги уплаќаат на следниве трансакциони сметки:

СТОПАНСКА БАНКА     200003195104526

УНИ БАНКА                     240207107324170

Да бидеме хумани и да помогнеме.