Почетна » Вести » Санирана спортската сала во Крушево

Санирана спортската сала во Крушево

Спомен куќа Тоше Проески

Општина Крушево изврши санација на спортската сала во Крушево.

Заменети се прозорците како и влезната врата на објектот со цел да не се дозволи уништување на спортската сала.

Сите заинтересирани спортисти, спортски екипи, здруженија и други граѓани кои имаат потреба од користење на простории во спортската сала да се пријават во просториите на Општина Крушево  поради одредување на термини за нивно користење.

Ценовникот за користење е донесен врз основа на Одлука на органите на општината и тој изнесува 300,00 денари за едночасовно користење на било каква просторија,  без разлика дали се работи за поединец или поголема група.

Уплатата на средствата ќе се врши со уплатница ПП50,  на буџетската сметка на Општина Крушево:

Назив на примачот:                          Буџет на Општина Крушево

Банка на примачот:                           НБРМ

Сметка буџетски корисник:              740014057 6630 16

Приходна шифра и програма:         725939  00

Цел на дознака:                                  уплата за користење на спортската сала                       

Спортските екипи од општина Крушево спортската сала ќе ја користат врз основа на нивните Барања доставени во Општина Крушево.

Лице за контакт: Кире Аврамоски – 078-838-329

Се замолуваат граѓаните да се однесуваат домаќински и одговорно кон општествениот имот и да го чуваат како своја сопственост.

Секое самоволно користење и уништување на имотот ќе биде санкционирано и казнето преку соодветна пријава поднесена од Општина Крушево.

 

 

Сподели

Туристички Портали