Во завршна фаза градежните активности за изградба на спортската сала во с.Бучин

Се поставува осветлување и парно греење, а во наредните 30 дена ќе се работи на подната подлога и поставување на потребните спортски реквизити со што салата ќе биде спремна за користење.

Исто така,  во тек е измена на Деталниот урбанистички план за изградба на нова спортска сала во Крушево со локација до СОУ „Наум Наумовски – Борче“ како и изготвување на планска документација за изградба на кошаркарско игралиште во с.Саждево.