Изложба на слики посветена на цитати и песни од познати и читани автори

Домот на култура „Наум Наумоски Борче“ – Крушево ја отвори изложбата на слики  „Metamorphosis“,  посветена на цитати и песни од најпознатите  и најчитани автори во светската литература.

Изложбата ќе трае еден месец и сите заинтересирани може да ја посетат во изложбениот салон на Домот на култура.