Меѓународен фестивал за деца и младинци „ЕДЕН ИДОЛ“ во Крушево

Во духот на добрата соработка помеѓу двата збратимени градови,  Крушево и Кочани но и со цел никогаш да не се заборави големата музичка ѕвезда, нашиот Тоше Проески, во Крушево се одржа меѓународниот фестивал за деца и младинци „ЕДЕН ИДОЛ“ посветен токму на ликот и делото на Тоше.

Младите таленти од Крушево, Кочани но и гостите од Србија ги изведуваа своите песни пред големиот број на дечиња во конгресната сала во х.Монтана Палас.

Ова е само почеток на една,  се надеваме успешна соработка чија крајна цел е фестивалот да прерасне во уште поголем и традиционален.