Одржано Државно ридско првенство во велосипедизам 2017г.

Под покровителство на Општина Крушево,  а во организација на Велосипедскиот клуб „Илинден 2007“  и  Велосипедската федерација на Македонија, се одржа Државното Ридско првенство во велосипедизам 2017г.

Трката започна од Кривогаштани, а заврши кај манастирот „Св. Преображение“ – Крушево.

Подоцна, со свечена церемонија, на Градскиот плоштад во Крушево беа прогласени најдобрите натпреварувачи.