Почетна » Вести » Одбележана 112 годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република

Одбележана 112 годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Во месноста Свиланово,  во билизина на селото Рајчани беше одбележана 112-годишнината од загинувањето на Никола Карев, Претседателот на Крушевската Република.

Делегации составени од Градоначалниците на пет општини како и од основните училиштата од Крушево и Кочани кои  го носат името на учителот  Никола Карев, претставници од семејството Кареви од Крушево и претставници од НУ „Историски музеј“ – Крушево, оддадоа заслужена почит на големиот илинденец.

Share