Трето место за учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево на меѓународниот кулинарски фестивал „Бисер мора“ во Брач

Претставувајќи го своето матично училиште но и Општина Крушево, учениците Петар Кремчески, Михаела Здравеска и Валентин Илиевски под менторство на професорката Оливера Карева Скола освоија бронзен медал на 12-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“ во Брач.

Имено, 12-от Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“  се одржа во периодот од 06 – 09.04.2017 година, во Супетар, остров Брач, Хрватска, . Во конкуренција од 11 средни угостителски училишта од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Албанија, учениците од СОУ „Наум Нумовски Борче“ од Крушево освоија бронзен медал натпреварувајќи се во категорија ЈТ1 – школско тимско натпреварување.

На приемот кај Градоначалникот на Општина Крушево, учениците ги искажаа своите искуства и импресии од натпреварувањето додека Градоначалникот го изрази своето задоволство од постигнатиот успех посакувајќи им уште поголеми во иднина.