Одбележан денот на пролетта – 21ви Март

Засадени 1 000 садници смрча и бел бор како и садници од костен и бреза. Се садеше на месноста Бела Вода и во училишниот двор на подрачното училиште во с.Врбоец.

Садниците се донација од тутунската компанија СЕКЕ а во пошумувањето учествуваа вработени од тутунската компанија СЕКЕ, вработени од Општина Крушево, вработени од ЈП „Липа“ Крушево како и ученици од ООУ „Никола Карев“ Крушево.