Новогодишни пакетчиња за најмладите

По повод Новогодишните и Божиќните празници од страна на Локалната самоуправа беа поделени 160 новогодишни пакетчиња и пакети со прехрамбени продукти за децата од семејствата од социјално ранливи категории, за децата со посебни потреби и децата сместени во згрижувачки семејства, децата на вработените во локалната самоуправа како и новогодишни подароци за јавната детска установа „Гонча Туфа“ кои ќе ги користат децата згрижени во градинката.

На овој начин Општина Крушево им посака среќни празници и весела година на најмладите, повеќе смеа и детски игри.