Општина Крушево ќе набавува ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Крушево

На 19-та Седница на Советот за развој на пелагонискиот плански  регион се разгледуваше  приоритетната листа со регионални проекти за 2017 година.

Од Општина Крушево е прифатен проектот за набавка на ново противпожарно возило во вредност од 5,2 милиони денари, од кои 4 милиони денари обезбедени од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион  и 1,2 милиони денари со кофинансирање од Општина Крушево.