Делегација од Нова Градишка, предводена од Градоначалникот Винко Гргич го посети Крушево

По повод 9 годишнината од загинувањето на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески, делегација од Нова Градишка составена од Градоначаникот на Нова Градишка, Винко Гргич, негови соработници и претставници од ракометните ветерани од Македонија го посетија Крушево.

Тие остварија средба со Претседателот на Совет на Општина Крушево, Нико Чонески на која се запознаа меѓусебно, ги претставија своите општини и разговараа за продлабочување на соработката на двата градови кои тесно ги поврзува Тоше Проески, особено во областа на спортот, туризмот и архитектурата. Со делегацијата беа и претставниците од Фондацијата Тоше Проески.

Делегацијата потоа ја посети Спомен куќата на Тоше Проески и неговото вечно почивалиште на Гумење.