Крушево ќе добие две тениски и едно повеќенаменско игралиште

Согласно издаденото одобрение за градба на две тениски и едно повеќенаменско спортско игралиште,  од страна на Општина Крушево и претставници на Агенцијата за спорт и млади на Р.Македонија, спортските игралишта беа воведени во градба.

Спортските игралишта се состојат од два тениски терени и едно повеќенаменско спортско игралиште, сместени на спортските терени на Гумење.

Општина Крушево пред воведувањето во градба ги испoлни сите услови за отпочнување со градба што значеше рамнење и нивелирање на теренот каде ќе се сместени спортските игралишта.

Инвеститор  на спортските игралишта е  Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија.

Изведувач на градежни активности –  ЖИКОЛ ДООЕЛ – Струмица

Рокот  на изведба е пет месеци од денот од воведување во градба.

Инвестицијата е вредна  20.000.000 денари

Со ова продолжуваат активностите за уредување на спортските терени на Гумење, а со тоа и овозможување на граѓаните поквалитетни услови за спортување.