СВЕТСКАТА ТРКА ЗА МИР ЌЕ ПОМИНЕ НИЗ КРУШЕВО

Глобалниот настан „ТРКА ЗА МИР“ која опфаќа светски размери,  а секоја втора година ја обиколува Европа поминувајќи 24.000 километри , оваа година во својата рута ја вклучи и општина КРУШЕВО.

Имено, на  26-ти Септември, во понеделник, во 09:00 часот, маратонците ќе пристигнат во Крушево каде на влезот на градот ќе бидат пречекани од претставници на Општина Крушево, учениците од ООУ „Никола Карев“, локални спортисти и сите добронамерници кои сакаат да им се приклучат на маратонците и заедно да истрчаат до Градскиот плоштад.

На Градскиот плоштад после поздравните обраќања,  со пригодна програма ќе се претстават учениците од ООУ „Никола Карев“ Крушево кои  преку ликовни цртежи и песни ќе испратат порака за мир. После тоа  маратонците ќе ја продолжат трката кон Демир Хисар.

Ги покануваме сите заинтересирани кои имаат желба да се приклучат на маратонците тоа да го направат на влезот на Крушево, а потоа на Градскиот Плоштад.

1047-50