Турнир во мал фудбал ,,Крушевско спортско лето 2016,,

Општина Крушево трета година по ред традиционално го организира турнирот во мал фудбал во рамките на манифестацијата ,,Крушевско спортско лето,, оваа година коорганизатор е ФК Питу Гули од Крушево. Турнирот се одржува на спортското игралиште на СРЦ ,, Гумење,, од 09.08.2016 до 20.08.2016 година.  Од година во година заитересираноста е се поголема, оваа година пријавени се 16 екипи не само од градот Крушево туку и од околните населени места и градови. Се пријавиа две екипи од Норово и Пресил по една од Бучин, Прилеп и Битола и 9 екипи од Крушево. Екипите се подделени во 4 групи по 4 екипи, најдобрите две екипи од групите играат четвртфинални натпревари. Полуфиналето се игра на 18.08.2016 (четврток) од 17:30 и 18:30.  Натпреварот за трето место се игра на 20.08.2016 (сабота) во 17:00 часот додека финалето е закажано за во 18:00 часот.

14054614_10206752036974798_1742417408_n 14054971_535718786636648_3026066967826713832_n 14017668_10206752037054800_1176407343_n 14030791_10206752037134802_739099541_n14055081_10210444909509732_487381577583368224_n