Набавена машина за конструкција ровокопач-натоварувач за потребите на Општина Крушево

Со средствата обезбедени преку грант од Европска Унија, менаџиран од Светска Банка, во висина од 69.300 ЕУР, Општина Крушево набави машина за конструкција ровокопач-натоварувач.

Набавката на оваа скип машина дојде како резултат на директните барања на граѓаните бидејќи Крушево како планинско место, неопходно имаше потреба од машина која ќе обезбеди зимско одржување на патиштата, паралелно со тоа ќе се обезбеди чистење на речните корита, чистење на канавките покрај патиштата.