Се санираат дупки на улиците „Никола Карев“, „Киро Фетак“ и „Коча Миленку“

Општина Крушево заврши со акцијата за  санација на ударните дупки на улиците „Никола Карев“, „Киро Фетак“ и „Коча Миленку“.

Станува збор за  улици, кои  имаат видни оштетувања и е потребна нивна реконструкција.

Со ова отпочнуваат активностите за асфалтирање на овие улици со цел нивна целосна реконструкција.