Се уредува полетиштето за параглајдинг на Мечкин Камен

Во пресрет на Европските првенства во параглајдинг и змајарство кои ќе се одржат во периодот јули-август 2016г. во Крушево, се уредува теренот на полетиштето  за параглајдинг на Мечкин Камен.

Во соработка со USAID,  Carana Corporation и локалната самоуправа набавени се 600m2  вештачка трева и се расчистува околната вегетација.

Само во хотел Монтана Палас Крушево за тој период има резервации за  3 000 ноќевања што е за 1 000 ноќевања повеќе од минатата година. Податок кој ветува успешна летна туристичка сезона.