СООПШТЕНИЕ ЗА АЕРО ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Им соопштуваме на граѓаните на Општина Крушево дека на ден 28.04.2016г. (четврток) во периодот од 05 до 08 часот на територијата на Општина Крушево, ќе се спроведе аеросолна адултицидна  дезинсекција со цел уништување на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени површини во градот Крушево како и во населените места Алданци, Борино и Трстеник (пределите околу езерата).

Дезинсекцијата ќе се спроведува од воздух, авионски.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.