Студиска посета на Италија

Во организација на УСАИД Македонија , преку програмата за експанзија на мали бизниси, делегација од Македонија составена од  Градоначалникот на Општина Крушево, Ѓорги Дамчески, претставници од УСАИД Македонија и претставници од параглајдинг спортот остварија студиска посета на Алпага и Фелтре-Педавена во Италија , каде во 2017 година ќе се одржи Светски шампионат во параглајдерство.

Бидејќи градовите имаат заеднички интерес – параглајдингот, ова беше одлична можност претставниците од Македонија и градоначалниците кои се дел од комитетот кој го организира Светскиот Шампионат во Параглајдинг на Монте Авена во 2017 година и претседателот на туристичкиот конзорциум Доломити-Преалпи да споделат заеднички видувања и интереси од областа на параглајдингот како и искуства и проекти насочени кон развојот на параглајдингот како ресурс за одржлив туризам.

Исто така, делегацијата од  Македонија ги посети и  Басано, Борсо дел Грапа, Монтеграпа и оствари средба со параглајдинг клубот и туристичкиот конзорциум од регионот со кои исто така се разменија искуства за организација и одржување на параглајдинг натпревари.