Демант на Градоначалникот на Општина Крушево на Пресот од ОО СДСМ Крушево за Крушевската Корија

ok

 

 

 

 

 

 

Почитувани,

 

Градоначалникот Ѓорги Дамчески секогаш бил и ќе биде со своите сограѓани кога е во прашање заштитата на Крушевската Корија.

Веднаш по добиените созананија дека се отпочнати активности за прореда – санитарна сеча во коријата на разговор е повикан директорот на ЈП „Липа“ Крушево, Г-дин Коле Ристески, истовремено е разговарано и со директорот на „Македонски Шуми“ – Г-дин Жарко Караџоски како и со претставници од кабинетот на Претседателот на Владата на Р.Македонија на кои е укажано на значењето на Крушевската Корија за градот.

Од сите инстанци е добиено ветување дека во интерес на граѓаните ќе се запрат сите активности околу сечењето и покрај тоа што истото се врши со сета потребна документација од надлежното министерство.

Истото, стопирањето на сечењето, е реализирано.

Врв на цинизмот е тоа што најзагрижени и во заштита на Крушевската Корија се токму тие кои пред 10 години со тогашниот директор на ЈП „Липа“ Крушево, С.С. (сегашен координатор на советничката група на СДСМ) со професори од Шумарскиот Факултет, финансиски солидно поткрепени, изработија проект за сечење на Коријата. Проект, кој за среќа по реакција на граѓаните не се реализира.

Прашaњето околу тоа дали Градоначалникот има свои бизнис интереси во сечењето на Крушевската Корија го сфаќам единствено како потреба на СДСМ постојано, врз некого, да ја истура дневната доза на отров и злоба.

Зачувувањето на Крушевската Корија било, е и ќе биде приоритет за секој совесен граѓанин на Крушево.

 

Со почит,

 

Градоначалник  на Општина Крушево

Ѓорги Дамчески