„Музеј на женски приказни“ во Крушево

Во просториите на Галеријата „Никола Мартиноски“,  се отвори изложбата „ Музеј на женски приказни“, која произлезе од  соработката помеѓу Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата  „Локомотива“ од Скопје и НУ „Историски музеј“ Крушево.

Изложбата свечено ја отвори проект-менаџерот Виолета Качакова, претставник на „Локомитива“  и директорот на НУ  „Историски музеј“, м-р Зоран Богески.

МУЗЕЈ НА ЖЕНСКИ ПРИКАЗНИ е дело oд проектот кој произлезе од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, зад скриени зад историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Битола, Прилеп и Крушево со околијата на Пелагонискиот регион.

Ко-авторки на програмaта на Музеј на женски приказни се Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Визуелно решение на изложбата и цртежи: Христина Иваноска

Авторка на текстот „Гласот на сенката“: Искра Гешоска

Аудио материјал/читање на извадоци од „Гласот на сенката“: Милица Стојанова

Целта на Музеј на женски приказни е да се откријат и деконструираат преку сублимни, социо-културни референтни напомени, историските факти позади кои постојат конкретни општествени односи и динамика, како и идеолошки и дискурзивен апаратус, и нивното учество и влијание во создавањето на културните значења и еманципацијата на жената од минатото до денес.

Со цел да се добијат релеватни информации и материјали за темата која се обработува, тимот на проектот во 2014/2015 година реалзираше истражување, кое се артикулира преку аудио-визуелна изложба, проследена со разговори и публикација.

Музеј на женски приказни е дел од проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” развиен и поддржан во рамки на Програмата заДецентрализирана соработка помеѓу регионот Долна Нормандија од Франција и Репубика Македонија, а програмски уреден и имплементиран од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со областа на заливот Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија, Франција.

За сите оние кои не успеаа да присуствуваат на отворањето, изложбата ќе биде отворена  до 30 октомври 2015 година.