Одбележан патрониот празник на СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево

Со пригодна програма проследена со музички точки, рецитали и драматизација се одбележа 54-от патрон празник на СОУ „Наум Наумоски Борче“ Крушево.

На самата прослава присуствуваа Градоначалникот и Претседателот на Совет на Општина Крушево како и претставници од институциите од Крушево и поканети гости на училиштето.

Беа доделени награди на најдобрите поетски творби како и на најдобрите ученици кои постигнале достигнувања во спортот.

Програмата беше комплетирана со говорот на директорката Фаница Николоска кој ги истакна достигнувањата кои училиштето ги постигнало во изминатата година притоа поздравувајќи ги своите колеги и учениците кои се заслужни за тоа.

Прославата заврши со свечен коктел припремен од учениците од угостителската струка.