КРУШЕВО НИЗ КОРИЈА

Изминатиов викенд имавме ретка можност да бидеме дел од несекојдневниот фестивал на отворено – „Крушево низ корија“.

Организиран од страна на „Вело Прилеп“ со поддршка на општина Крушево овој фестивал  опфати кампување, планински велосипедизам, ноќно рекреативно трчање, планинарска прошетка низ околината, тандем летови со параглајдер, фит камп како и забава наменета за камперите на Мечкин Камен.  Сите овие активности беа дополнети со дегустација и промоција на крушевски специјалитети, како и организирана посета на знаменитости.

На овој outdoor фестивал учество зедоа  повеќе од сто учесници од Македонија а имаше за цел да го промовира активниот туризам и потенцијалите на Крушево и Пелагонискиот регион, но и да обезбеди дводневно уживање за љубителите на природата и спортот.