ВО ОПШТИНА КРУШЕВО ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ДВА КРУПНИ ПРОЕКТИ

Со подршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во општина Крушево ќе се реализираат два крупни проекти во вредност од 20. 000.000,оо денари. Нивната реализација треба да започне во најкраток временски период.

ПРВ ПРОЕКТ

По Мерка 321- Комплетна конзервација, рестарвација и конструктивна консолидација на традиционална училишна зграда на ОУ Никола Карев во вредност од 15. 290.161,оо. Со овој проект ќе се опфати комплетна санација на фасадата, изработка на две бетонски плочи, изработка на водоводна и електрична инсталација и комплетна замена на внатрешната и надоворешната столарија.
Намената на училишната зграда би била – Културен дом со мултинаменски карактер за одржување на културно уметнички манифестации, театарски претстави, библиотека, етно поставки и сл.
slika uciliste

ВТОР ПРОЕКТ

По мерката 322 – Изградба и реконструкција – асфалтирање на улици во населено место Бучин со вкупна должина од 945м, вредноста на инвестицијата е 4. 453.900,оо денари

slika 2 pat bucin slika 1pat bucin