Прекин во сообраќајот за време на ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“

Викендот што претстои ќе се одржи ФИС ролер ски купот „Тоше Проески“. Натпреварот се одржува на регионалниот пат Прилеп – Крушево и на улиците во Крушеов со што сообраќајот ќе биде прекинат за време на одржување на трките и тоа во следните термини:

Петок, 19.08.2022г. – тренинг од 17 до 18:30 часот
Дел од регионалниот пат Прилеп – Крушево до влезот на Крушево

Сабота, 20.08.2022г. – прва трка од 9 до 11 часот
Кривогаштани – Крушево (до градска кафеана)

Недела, 21.08.2022г. – втора трка од 9 до 11 часот
Кривогаштани – Крушево (спомен куќа „Тодор Проески)