Еднодневен саем на книги во сабота, „Книжарница на тркала“

Оваа сабота (25.06.2022г.) во градскиот парк ќе се одржи уште еден еднодневен саем на книги. Саемот ќе започне во 10 часот и ќе биде отворен до 20 часот истиот ден.

Настанот е во организација на книжарницата Антолог и дом на култура „Наум Наумовски Борче“, а ова е веќе втор саем под отворено небо во Крушево.