Известување

Почитувани граѓани на општина Крушево,

          Процесот на заловување и хуман третман на кучињата скитници продолжува.Врз основа на  член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните, општината е надлежна да врши собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.

          На ова поле општина Крушево има потреба од соработка и поддршка од граѓаните, особено од сопствениците на кучиња.  До сите сопственици на кучиња се апелира да внимаваат на своите миленици истите да не претставуваат опасност за минувачи.Мора да внимаваме да не се собираат кучиња во центарот на градот и со тоа да претставуваат опасност за граѓаните и туристите.

          Комуналната инспекциска служба ќе врши контрола на терен за спроведување на обврските на граѓаните и ќе превземе соодветни законски мерки.

          Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Општина Крушево