Ќе се санира патот до с. Цер, Крушево ќе се поврзува со општина Кичево

Во соработка со централната власт општина Крушево ќе започне со санација на патот од с. Пуста Река, општина Крушево, до с. Цер, општина Кичево.

„Со поддршка на централната власт ќе се започне со санација и порамнување на патот кој ги поврзува општините Крушево и Кичево. Ова е прва фаза, а во наредна ќе инсистираме на изнаоѓање извори на финансирање за асфалтирање и целосна функционалност на овој регионален пат.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Регионалниот пат кој води до с. Пуста Река беше целосно реконструиран, а изградба на асфалтен пат кон с. Цер ќе го олесни движењето и ќе ја унапреди поврзливоста на двете општини.

„По асфалтирањето на патот од Крушево до Пуста Река граѓаните апелираа да се работи на патот до с. Цер кој е достапен за користење за теренски возила, но не е фунцкионален.“, додава градоначалникот Христоски.

Проодноста на овој пат ќе обезбеди пократок пат до Кичево од неколку десетици километри.