Се асфалтира паркинг на улица Питу Гули, „ова е европски проект“, велат жителите

Денес се работи на асфалтирање на делот за паркинг на улица Питу Гули.

Асфалтирањето на дел од улицата Питу Гули, односно од црквата Св. Троица до хотелот Монтана Палас, започна во петокот, а со изградба на паркингот тековно се работи денес.

„Добиваме на една целина. Улицата е проширена, со квалитетен асфалт и отворање на простор за паркинг места. Реконструкцијата на оваа улица беше голема потреба на граѓаните и драго ми е што заедно со Министерството за транспорт и врски го реализираме овој проект. Во 4 и пол години изградивме и реконструиравме над 50 км локални патишта.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Дел од граѓаните кои живеа на улицата и го користат овој пат не го кријат задоволството од реализацијата и за проектот велат дека е европски.

Реконструкцијата се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.