СЕ ОДИГРА ФИНАЛЕТО НА ТУРНИРОТ ЗА ДЕЦА ,,КРУШЕВСКО СПОРТСКО ЛЕТО 2015,,

Заврши турнирот за деца ,,КРУШЕВСКО СПОРТСКО ЛЕТО 2015,, На турнирот учествуваа 11 екипи со вкупно 88 учесници. Првото место го освои екипата на ЛЕОПАРД победувајќи ја екипата ФАНИ ИНА во финалето со резултат 7:1, претходно за третото место екипата БУЧИН ја победи екипата на ПРЕСИЛ со резултат 11:2. Наградите за најдобрите  и дипломите за секој учесник на турнирот ги додели Градоначалникот на општина Крушево Г-дин Ѓорги Дамчески, исто така беа доделени по една фудбалска топка за секоја екипа. Во своето излагање Градоначалникот им се заблагодари поединечно на секој учесник на турнирот, се заблагодари за успешно организираниот турнир кој траеше 15 денови и истакна дека ќе се заложи да овај турнир стане традиционален. На крајот им го честиташе успехот на најдобрите и  им посака поголеми успеси.