Давачките на фирмите кон општината, онлајн истражување во четврток

Во четврток, 20 јануари, ќе се одржи онлајн истражување со компании од Крушево кои се однесуваат на давачките кои приватните субјекти ги имаат кон локалната самоуправа. Истражувањето ќе се одржи „онлајн“ и истото е отворено за сите заинтересирани на следниот линк.

Истражувањето го спроведува Мрежата ФИСКАСТ, претставувана од  институтот Finance Think од Скопје, АГОРА, Квантум Прима, и ЛАГ Агро Лидер, и е дел од проектот „Побрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки” поддржан од Европската Унија.

Ова е уште еден проект од областа на транспарентноста која општина Крушево го спроведува. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат.