Спортски подготовки во спортската сала, проектот го дава очекуваниот резултат

Од 09.01.2022 на спортски подготовки во спортската сала е одбојкарскиот клуб Јанта. Со ова се докажува дека инвестициите во спортсата сала уште веднаш вродуваат со плод.

„Започнавме со привлекување на националните тимови и клубовите на висински подготовки во Крушево.Спортската инфраструктура, одличните услови, како и содржините кои ги овозможуваме во спортската сала стануваат привлечни и посакувани за спортските екипи и спортистите.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во спортската сала изминатиот период се работеше на реконструкција, проширување на намената со поставување на карпи за искачување, опремување со спортски реквизите, изградба на инфраструктура за гасификација и оспособување на теретана. Овој проект беше дел од „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.

Очекуваните резултати од проектот се поттикнување и развој на туризмот.