Продолжува реконструкцијата на дел од улица Питу Гули

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изврши увид во работите за реконструкција на дел од улица Питу Гули и изградба на паркинг.

„Проблемите и пречките ги надминавме, продолжуваме со изградба на ,,ул.Питу Гули”. Дополнително, на овој простор, веднаш до хотелската зона ќе биде изграден и паркинг. Продолжуваме со работа за поубаво Крушево“, изјави градоначалникот Христоски по увидот.

Овој проект се имплементира во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.