Честитка на градоначалникот за 8 септември

Почитувани,

Одбележуваме 30 години независност на Република Северна Македонија и 8-ми септември Денот на ослободување на Крушево.

Крушево продолжува да биде херојско гратче, а наша должност е тоа херојство да го чуваме и промовираме. 8-ми септември е уште еден ден во низата херојски подвизи на македонскиот народ. Денот на независноста е уште еден ден кој треба да ни биде водилка за иднината.

На сите мои сограѓани им го честитам 8-ми септември ден за кој наша чест е да празнуваме два важни настани од нашето живеење во општината и државата. Посакувам во годините што следат да бидеме уште поуспешни и да создаваме нови здрави генерации, а Република Северна Македонија и општина Крушево да бидат наш дом.

Честит 8-ми септември, Денот на независноста и Dенот на ослободување на Крушево.

Со почит,
Ваш градоначалник
Томе Христоски.

Please follow and like us:
Share

Следете не и бидете први што ќе дознаете за секоја новина во нашата општина!