Советот донесе важни одлуки за 4 години, конструктивноста носи резултати

Советот ја одржа својата 78-ма седница на која беше донесена одлука за доделување на Осмосептемвриска награда и признанија, а претседателот на Советот Тома Петроски упати благодарност до советниците за конструктивноста изминатите 4 години.

„Се заблагодарувам на конструктивноста и придонесот. Благодарение на тоа донесовме многу важни одлуки за важни проекти за општината и граѓаните. Оваа сала во која се наоѓаме и ги одржавме последните седници, како и салата за театар и кино се обележје на овој состав на советот и треба да бидеме горди.“; изјави претседателот на советот Тома Петроски.

Петроски на колегите им порача успех понатаму во професионалните кариери и доколку некој продолжи да ја обавува функцијата советник.

На утрешна свечена седница на советот, која ќе се одржи на летна сцена со почеток во 12 часот, ќе бидат доделени признанијата и наградата.