Свечена седница на советот по повод 8 септември утре во 12 часот

Во 10 часот ќе се одржи 78-та седница на советот на општина Крушево која е исклучиво посветена на донесување одлука за доделување на признанија за поединци и правни субјекти за придонес во развојот на општина Крушево од повеќе области.

Решението за свикување на седницата можете да го погледнете подолу во оваа објава.

Утре, 7-ми септември, ќе се одржи свечената седница на советот на која ќе се доделат признанија и награди, а истата ќе биде зачинета со содржини подготвени од училиштата во Крушево. Свечената седница ќе се одржи на летната сцена (музеј на НОБ) со почеток во 12 часот. Доколку временските услови не дозволуваат седницата ќе се одржи во салата за театар и кино во горната училишна зграда.

Празникот на независноста на Република Северна Македонија и денот на ослободување на Крушево ќе се одбележи со полагање на цвеќе во 11 часот, непосредно пред одржувањето на седницата.